Политика за приватност

Политика за приватност

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Сара Колант Вили ДООЕЛ (понатаму “Ние”, “Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.sara-kolant.com.mk (понатаму: ”интернет страница”). Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

Содржината на веб-сајтот www.sara-kolant.com.mk е наменета за лица над 18 години. Доколку лице под 18 години ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат Сара Колант КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ.

При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата за купување производи. Доколку го преземете ова дејство се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате. При пополнување на контакт формата на интернет страната, Сара Колант Вили ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • Име
  • Презиме
  • Е-маил
  • Телефонски број
  • Домашна адреса
  • Град
  1. COOKIES / КОЛАЧИЊА

За да ја направиме вашата посета на нашата веб-странa попријатна и да овозможиме употреба на одредени функции, може да користиме „колачиња“. Колачињата се мали датотеки со текст што се зачувани на вашиот терминален уред. Некои од колачињата што ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата на прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат да го препознаваме вашиот прелистувач при следната ваша посета на нашата веб страна. За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе ви биде побарана согласност. Ако колачињата не се прифатат, функционалноста на нашата веб-страница може да биде ограничена. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“ [линк].

 

2. НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците при вашата посета на веб-сајтот се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).

 

3. ЗА КОИ ЦЕЛИ СЕ СОБИРААТ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Сара Колант Вили ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

ВРШЕЊЕ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Цел – вршење на директен маркетинг односно доставување информации за производи, промоции, новитети и понуди во нашите продавници,
Правна основа – изјава на согласност.
Обработката се врши исклучиво врз основа на Ваша претходно обезбедена согласност.
Категории на лични податоци
име и презиме
домашна адреса
Град
е-mail адреса и
телефонски број

ОНЛАЈН ПРОДАЖБА
Цел – онлајн продажба
Правна основа – исполнување на договорна обврска
Категории на лични податоци
име и презиме
домашна адреса
е-mail адреса
телефонски број
Град

 

4. НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Сара Колант Вили ДООЕЛ коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.Обработката на Вашите лични податоци ја врши Сара Колант Вили ДООЕЛ согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дополнително, Сара Колант Вили ДООЕЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Сара Колант Вили ДООЕЛ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал.

 

5. ПОЛИТИКА ЗА НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите новости, попусти и промоции. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас. Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.

При посета на нашиот веб-сајт, имате право да ја оставите својата e-mail адреса во полето “Писмо со новости” внесување на вашата e-mail адреса и со штиклирање на полето “ Ги прочитав и се согласувам со Политиката за приватност”

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “Unsubscribe from this list”

Или, Вашите права може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци:

Љубомир Филиповски

Е-маил адреса: ljubomir@sara-kolant.com.mk

Контакт телефон: +389 75 230 154

 

6. ВАШИ ПРАВA

Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:

  • Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци
  • Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци
  • Право на бришење на личните податоци
  • Право на ограничување на обработката
  • Право на преносливост на податоците – право да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор;
  • Право на приговор против обработката на личните податоци;
  • Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста
  • Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци    Љубомир Филиповски на следниов e-mail: ljubomir@sara-kolant.com.mk

 

7. ДАВАЊЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

 

8. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ

 

Сара Колант Вили ДООЕЛ не врши пренос на лични податоци во трети држави.

 

9. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ ОД КОНТРОЛОР

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката  за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.