ИСПОРАКА

Производите порачани преку нашата официјална веб страна www.sara-kolant.com.mk се испраќаат во рок од 1 до 3 работни денови од моментот на прием на нарачката. Во случај на голема заинтересираност и побарувачка на артикли кои се наоѓаат во Вашата кошничка, ако бараниот артикл не може да биде испорачан поради ограничената залиха од истиот, ќе бидете телефонски контактирани.

Откако ќе ја потврдите вашата нарачка на производи, нарачката ќе започне да се подготвува истиот или следниот ден.
Сите нарачки што ќе бидат потврдени до 12:00 часот ќе бидат подготвени истиот ден, а сите нарачки што ќе бидат потврдени по 12:00 часот  автоматски ќе бидат префрлени за подготовка за ден потоа.

Работното време на нашите веб оператори е од 8:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

Пратките без оставени лични податоци и податоци за контакт не се испорачуваат, бидејќи не се прифаќаат од службите за достава.

Испораката на пратки ја врши курирска служба Еко Логистик Сервис (ЕЛС). Трошокот на достава изнесува 13денари за сметка пониска од 1000 денари. Испораката на производи се врши исклучиво на територијата на Република Северна Македонија. Контакт телефони за информација на Еко Логистик Сервис се 13990 и 15990.

Курирот двапати ќе се обиде да ја врачи пратката. Доколку првиот пат испораката не биде успешна курирот ќе Ве контактира на телефонскиот број кој сте го оставиле при нарачувањето и со Вас ќе договори нов термин за испорака. Доколку ни тогаш испораката не биде успешна, пратката се враќа во Сара Колант и ние ќе Ве контактираме како би можеле да ја констатираме причината за враќањето и да договориме повторно испраќање.

При превземањето на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот да не постои некое видно оштетување. Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот е оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нѐ.

ПЛАЌАЊЕ

Вкупната вредност за бесплатна достава за сите производи нарачани онлајн од www.sara-kolant.com.mk е од 1000 МКД. За вредност помала од 1000 МКД се доплаќа 130 МКД по нарачка.

Понудата и цените на нашиот сајт се ажурираат на дневно ниво. Сите цени се искажани во денари со вклучен ДДВ. Продавачот го задржува правото на промена на цената, ако не е поинаку наведено (во случај на акција и специјални попусти). Цените важат во моментот на креирање на нарачката и имаат дејство и валидност и за следниот период. Наведените цени важат  за купување преку Интернет продавницата и истите можат да се разликуваат од цените во малопродажните објекти.

Доколку поседувате Visa или MasterCard платежна картичка нарачката можете да ја платите онлајн. Откако ќе го пополните формуларот за нарачка автоматски ќе бидете префрлен на сајтот на Стопанска Банка АД на кој ги внесувате податоците од платежната картичка. Доколку се е во ред со трансакцијата, вие ќе бидете вратени на нашиот сајт со известување дека плаќањето е успешно. Доколку постоел некаков проблем со трансакцијата ќе бидете вратени на сајтот со известување за неуспешно плаќање, по што можете да се обидете повторно. Сите податоци се заштитени и видливи само на Стопанска Банка процесорот на картичка.