Краток водич за избор на вистинската дебелина на хилахопките

Познато е дека хулахопките  претставуваат идеално решение да останеш модерна и во студените денови, а истовремено  да ти биде топло. Но постојат илјадници хулахопки и различни можности за избор, па лесно може да се „изгубиш“.

Значи, како да ги избереш вистинските хулахопки?

Ако при купувањето  хулахопки се чувствуваш изгубено и збунето, најверојатно ќе те израдуваме ако ти кажеме дека постои систем со чија помош брзо ќе го најдеш она што ти е потребно.

Системот се нарекува ДЕНИЕР.

Ако го разбереш дениер, ќе можеш да ги избереш идеалните хулахопки за секој ден во годината.

Што е ДЕНИЕР?

Дениер е единица мерка со која се опишуваат проѕирноста, цврстината, дебелината и топлината на хулахопките. Често е претставен како ДЕН.

Колку поголем ДЕН имаат хулахопките, толку се подебели и помалку проѕирни.

Колку помал ДЕН имаат хулахопките, толку се потенки и невидливи. Сосема едноставно!

ДЕН со поголем број

Подебелите хулахопки со поголем ДЕН ќе бидат непроѕирни и потопли.

На пример: ако избереш ДЕН 40, ќе добиеш потопли хулахопки, како создадени за студено време.

Хулахопките со поголем ДЕН се посилни и поиздржливи, штитат од студ и ќе ти овозможат удобност. Во студените декемвриски и јануарски денови одлучи се за хулахопки со поголем ДЕН-број.

ДЕН со помал број

Хулахопките со помал ДЕН-број се потенки и попроѕирни. Тие се како создадени за пролетните и летните месеци, па и за почетокот на есента.

Овие хулахопки ќе сакаш да ги носиш од април до ноември за целосен дневен изглед, додека за сексапилен вечерен изглед може да ги носиш во текот на целата година. Хулахопките со помал ДЕН-број треба да ги користиш со поголемо внимание и правилна нега, поради помалата густина на предивото. Имено, со помала густина се постигнува проѕирен изглед и дебелина соодветна за топлите денови.

Препорачуваме:

< 30 ДЕН: проѕирни, лесни хулахопки за потоплите денови

30-40 ДЕН: помалку проѕирни хулахопки за преодните денови

>40 ДЕН: подебели, непроѕирни хулахопки за постудените денови

Share this post:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest
Telegram